РЦУК Охрид известува дека сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег.
Екипите на ЈП за одржувание и заштита на магистралните и регионалните патишта се на терен и вршат редовно чистење и опесочување на истите. Редовно e снабдување на населението со електрична енергија и водоснабдување, посочуваат.
Истакнуваат дека состојбата е редовна за зимски услови и сеуште е активна забраната за движење на ТТВ Струга – Ќафасан.
Воведена е забрана за сообраќај на ТТВ поради обилни врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража и Кичево-Охрид преку планинскиот превој Пресека.
Инаку, вчера снежните врнежи предизвикаа прекин во снабдувањето на населението со електрична енергија во с.Опеница и околината поради дефект на далековод, а поради поголем дефект на водоводна цевка на ул.Петар Поп Арсов, без водоснабдување во Охрид беа корисниците на улиците: Петар Поп Арсов, дел од Бул.Туристичка и Стив Наумов.
Н.С.Ј.