Регионалниот центар за управување со кризи Охрид информира дека на територијата на општините Охрид, Струга, Дебар, Кичево, М. Брод сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно по влажни коловози.

Сосема мала количина на снег се забележува на повисоките населени места кој не претставува проблем за редовно одвивање на сообраќајот, посочуваат.

Според информациите од останатите регионални центри проодни се сите патни правци низ државава, а снег се забележува на повисоките места.

Патниот правец Попава Шапка – Тетово, и Гостивар – Стража и Маврово има снег со слаб интензитет. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се на терен и интервенираат доколку е потребно, посочуваат од РЦУК Тетово.

Н.С.Ј.