Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошевски“ во петок ќе го одбележи патрониот празник.

Како што информира директорот на училиштето, Марјан Радески, прославата ќе се одржи во просториите на училиштето со почеток во 13:30 часот.

Инаку, реновирањето на Центарот кое започна во 2022 година заврши годинава и во септември започна со работа. Беа извшени низа градежни зафати во вредност од 1.7 милиони евра, а беше најавена и набавка на нов мебел (клупи, столици, табли, шкафови) и угостителска опрема за кабинетите по практична настава.

OhridNews