РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид е едно од 90-те избрани средни училишта од Западен Балкан кои ќе учествуваат во програмата за размена на RYCO Superschools. Меѓу овие 90 училишта 16 доаѓаат од Албанија, 16 од Босна и Херцеговина, 5 од Црна Гора, 8 од Косово, 15 од Македонија и 30 од Србија.
Нашиот проект „Мост кој поврзува две езера“ е еден од 45-те избрани најдобри проекти кој е изработен во соработка меѓу РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид и Училиште за економија и трговија-Бор, Република Србија. Координатор на проектот од нашето училиште е психологот Даница Скрческа, додека координатор од Училиште за економија и трговија-Бор, Република Србија е наставничката Валентина Поповиќ. Главната тема на овој проектот е надминување на пречките во комуникацијата преку запознавање и разбирање на различностите по различни основи (национална и верска припадност, разлики во културата, обичаите, храната, начинот на облекување…), преку надминување на предрасудите и воспоставување средина. што поттикнува помирување и го укинува говорот на омраза, посочуваат од училиштето.
Преку овој проект, потенцираат, ќе се реализираат две интеркултурни размени со по 12 ученици на возраст од 15-17 години и 2 професори во текот на 2024/2025 наставна година од месец Ноември заклучно со месец април.
RYCO Superschools е програма за училишна размена во WB6 со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и меѓукултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници.
Програмата е дел од мултидонаторски проект, кофинансиран од Европската унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со RYCO.
OhridNews