Со одигрувањето на последното коло од втората фаза познати се полуфиналните двојки на СП во ракомет за мажи во Шведска. Франција ќе игра против Шведска, а Данска против Шпанија во полуфиналето.


Во натпреварите за 5-8 место кои носат можност за квалификации за ОИ во Лондон ќе играат Исланд – Полска и Хрватска – Унгарија.

Репрезентациите на Норвешка, Германија, Србија и Аргентина кои што ги зазедоа последните места ќе мора да се задоволат со разигрување од 9-12 позиција.

Ohridnews