Програмата за поттикнување на развојот на туризмот, како што информираат од локалната самоуправа, е насочена кон активности во различни подрачја на делување, а со цел создавање на соодветни услови за искористување на конкурентните предности и дефинирање на туристичката понуда и производи идентификувани со Стратегијата за развој на туризмот на Општина Охрид и усвоените приоритети:
1. Дефинирање на туристичкиот производ и понуда и нивна промоција и презентација,
2. Подобрување на квалитетот на постојната и изградба на нова инфраструктура,
3. Брендирање на Охрид како туристичка дестинација,
4. Институционално јакнење и развој на човечки ресурси,
Програмата за поттикнување на развојот на туризмот за 2010 година, која ќе ја спроведува Секторот за туризам и локален економски развој, предвидено е да се реализира преку следните активности:
1 Управување со туризмот (Евиденција, регистрација и категоризација, стандардизација) и управување со туризмот во
подрачја заштитени од УНЕСКО.
2 Промоција на туризмот, организирање на настапи и присуство на саеми
3 Изготвување на печатен и електронски, промотивен материјал за одделни сегменти на туристичката понуда
4 Подготовка на проекти и проектно управување, средства за сопствено учество во имплеметација на проекти
5 Имплементација на “Стратегијата за одржлив развој на туризмот во Охрид“
6 Развој на информативен систем, за евиденција на туристи
Буџетот на општина Охрид за 2010 година тежи 688 милиони денари.