На националниот извиднички натпревар во урбана ориентација, што се одржа од 3-5 мај во Прилеп, насловен како “Фениксија”, во конкуренција на над 130 учесници од целата држава, развигорците од Извидничкиот езерски одред „Пионер“ од Охрид го освоија првото и второто место.

-Продолжува активно да се негува извидничкото движење во градот преку нови генерации на извидници кои достоинствено ги бранат боите на одредот и Охрид. –  велат од „Пионер“.

Извидничкиот натпревар во Прилеп имаше хуманитарен карактер.

OhridNews