Научниците развија тест на крвта што може ефикасно да открие пациенти кои имаат голем ризик да добијат потешка форма на Ковид-19.
Експертите од Кралскиот колеџ во Лондон велат дека направиле тест со кој може да се открие протеин кој е директно поврзан со ризик од смрт или сериозна форма на Ковид-19, јави Дејли меил.
Се смета дека протеинот ГМ-ЦСФ е одговорен за распаѓање на имунолошкиот систем и предизвикување оштетување на органите или смрт кај некои пациенти со коронавирус. Меѓутоа, ако се открие на време, за време на приемот на пациентот во болницата, лекарите можат да реагираат поагресивно и можно е да се нападне ГМ-ЦСФ со постојните лекови што се користат за лекување на артритис. И намалувањето на нивото на протеини би го намалило ризикот некој сериозно да се разболи или да почина од коронавирус, објаснуваат истражувачите.
Во студија спроведена на повеќе од 500 пациенти, тим научници откриле дека нивото на протеин познат како цитокин е значително повисок кај сериозно болни луѓе, па дури и десет пати повисок кај луѓето кои подоцна починале.
Професорот Питер Опеншо, еден од експертите кои учествуваа во студијата, рече дека „овие откритија се многу важни во борбата против Ковид“.
OhridNews