Меѓународната компанија “E-DNK” лансирала на пазарот тест за кој тврди дека со голема веродостојност го открива татковството од дванаесеттата седмица на бременоста. Тестот чини 1200 евра и може да се нарача преку интернет, пренеле француските медиуми.
Се рекламира како брз тест за откривање на татковство кој се обавува во полна дискреција, без потреба да се консултираат експерти и да се земаат одредени примероци, што би можело да го доведе фетусот во опасност.