Челниците во англиската Премиер лигата, на вондреден состанок заедно со екипите донесоа одлука за прекинување на сите фудбалски активности во земјата поради корона вирусот.
Англичаните, првично најавија дека натпреварите ќе се играат во планираниот термин без или со гледачи на стадионите. Но позитивниот тест на вирусот на тренерот на Арсенал Микел Артета и фудбалерот на Челси Калум Хадсон Одои ги „отрезна“ и донесоа разумна мерка, бидејќи на никој не му е дојдено до фудбал.
Остри критики, синоќа, испрати менаџерот на Вулверхемтпон Нуно Еспирито Санто кој после натпреварот со Олимпијакос во Лигата на Европа рече дека тие играат фудбал додека луѓе умираат.
Премиерлигашките возбудувања ќе продолжат следниот месец односно на 4 април ако ситуацијата со вирусот драстично се подобри.
OhridNews