Куќата на Крапчевци, еден од најрепрезентативните објекти од старата охридска архитектура, доби нова фасада.

Разубавена фасадата на Куќата на Крапчевци – Фото: Ива Јовановиќ

Во рамки на тековното одржување предвидено во годишната програма за работа финансирана од Министерството за култура, НУ Завод и Музеј Охрид изрши реконструкција на фасадата на Куќата на Крапчевци која е заштитена со закон како вредно културно наследство.

 

Исто така извршени се и други помали поправки на надворешноста, со цел зачувување на овој значаен објект кој несомнено е еден од белезите на Охрид.

Надворешноста на Куќата на Крапчевци беше оштетена од атмосферски влијанија, а со санацијата овој објект кој е симбол на Охрид и најфотографиран од посетителите во градот, ја добива потребната заштита. – вели Горан Патчев, овластен конзерватор за заштита на недвижното културно наследство во Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.

Што се однесува до заштитата на фасадите на значајни објекти од охридската архитектура, Завод и Музеј Охрид работи на санација на надворешноста уште на неколку куќи на улицата „Димитар Влахов“. Овие активности се само дел од програмата за заштита на исклучителното културно наследство на Охридскиот регион за кои континуирано се грижи НУ Звод и Муизеј Охрид.

Г.М.
Фото: Ива Јовановиќ