На едно коло до крајот од регуларниот дел во Супер лигата разрешени се сите дилеми околу пласманот на табелата и за што ќе разигруваат екипите.
Охридските ракометари се најдоа во втората половина од табелата и во десетте следни натпревари ќе се борат за опстанок во елитното ракометно друштво. Покрај охриѓани трката за опстанок ќе ја трчаат екипите на Радовиш, Куманово, Текстилец, Овче Поле и Преспа.
Струмички Зомимак, Пелистер, Металург Јуниор и Тинекс Пролет заедно со Металург и Вардар ќе се борат за шампионската титулата во Македонија.
Во последната рунда од Супер лигата избраниците на охридскиот ракометен стратег Горан Андоновски на домашен терен ќе се сретнат со Металург Јуниор.
Мх.П.