Собранието денеска во рамки на 104-та седница за владината реконструкција, ги разреши министерите од Алтернатива – за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи.
„За“ разрешувањето на Сали гласаа 65 пратеника, а за Алити и за Чупи „за“ беа 64 пратеници, а против беше еден пратеник и немаше воздржани.
Пратениците ја почнаа расправата по втората точка, за изборот на новите министри предложение од Владата – Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина.
За избор на членови на Владата дискусијата е заедничка, а гласањето е поединечно, рече претседателот на СобраниетоТалат Џафери.
На 104. седница треба да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу и да бидат избрани нивни заменици.
На стартот на седницата што почна на 13 февруари, беа констатирани оставките на министрите за правда Никола Тупанчевски и за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.
OhridNews