Командантот на нишкиот одред на српската жандармеријата, Сенад Коштиќ разрешен е од должноста, а против седум припадници на оваа единица поднесени се кривични пријави поради употреба на прекумерна сила против братот на премиерот Александар Вучиќ и двајца припадници на обезбедувањето, јавува „Макфакс“.
Андреј Вучиќ, братот на премиерот, беше претепан за време на парадата на гордоста на 28 септември од страна на припадниците на нишкиот одред на жандармеријата.
Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ нареди спроведување на истрага за да се расветлат околностите под кои дошло до прекумерна употреба на сила и претепување.
Првично беше јавено дека братот на Вучиќ и неговото обезбедување биле истепани бидејќи одбиле да се легиимираат, но Андреј Вучиќ ги дематнираше овие наводи и излезе со спротивно тврдење дека уредно ги пружиле легитимациите и мисли дека проблемот настанал токму поради легитимациите.
OhridNews
извор:„Макфакс“