Ефтим Клетников со одлука на министерот за култура Арификмет Џемаили е разрешен од функцијата директор на Струшките вечери на поезијата – СВП.
Од Министерството за култура објаснуваат дека Клетников е разрешен од функцијата зашто прекршил одредба од Законот за јавни набавки.
Од ресорното министерство информираат дека веќе е распишан конкурс за нов директор на поетскиот фестивал, а до неговиот избор функцијата ќе ја извршува Разме Кумбаровски, секретар на Струшките вечери на поезијата.
ohridnews