Француската полиција го идентификувала фотографот кој летото ја фотографирал гола војвотката од Кембриџ и спремна е да го уапси. Прелиминарната криминална истрага била започната минатиот месец, по објавувањето на фотографиите на голата сопруга на принцот Вилијам во списанието “Closer”. Неименуван извор изјавил дека се очекува фотографот да биде приведен на сослушување во најкраток рок.
Британските медиуми веруваат дека станува збор за папарацо кој ја следел и принцезата Дајана во деновите кои и претходеле на нејзината смрт во август 1997. Извор близок на кралската палата изјавил дека Вилијам и Кејт се одлучни во својата намера да биде казнето лицето кое ги направило фотографиите и инсистираат на затворска казна. Сакаат тоа да биде пример за останатите. На споменатиот фотограф му се заканува казна затвор во траење од околу една година и парична казна од 45 илјади евра поради нарушување на приватноста.