“Ова се едни од најлошите избори во Република Македонија во кои досега сум учествувал. Имаше силни притисоци, а кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ отворено агитираа” изјави доцна синоќа кандидатот за пратеник и шеф на охридската СДСМ, Томе Чингоски.
Ова се најлошите избори досега – Томе Чингоски
” Забелешките за нарушувањето на изборниот молк, како и притисоците од страна на ВМРО-ДПМНЕ и полицијата ги доставивме до ОБСЕ и до Општинската изборна комисија”, рече шефот на регионалниот изборен штаб на СДСМ, Бранислав Трпчевски.
Нешто по 21 часот и 30 минути, незадоволните членови на СДСМ од Охрид полека го напуштаа матичното седиште на партијата во Охрид.