Како се вика Шекспир? Кој е главен град на Шведска? Која планета е најблиску до сонцето? Кога започнала Втората светска војна?

Одговорите на овие, но и на многу други лесни прашања, ги знаат и децата во основно училиште, но не и поголем дел од возрасните Британци, покажува анкетата што била спроведена на 2.000 луѓе.


Само 5 проценти од анкетираните точно одговориле на сите 10 прашања. Ваквите поразителни резултати  не одат во прилог на британскиот образовен систем, кој е се повеќе на мета на критичарите. Просечниот број точни одговори бил 6.

На прашањето кој е главен град на Шведска, погрешно одговориле 58 проценти од испитаниците, а името на славниот Шекспир не го знаеле 12 проценти од нив. 

Во анкетата биле понудени прашања од учебник од кој учат деца на возраст од 7 до 11 години.

Составувачите на анкетата се разочарани од резултатите бидејќи не очекувале толку низок степен на знаење кај возрасните граѓани и тоа, на прашања кои ги учат деца во пониските одделенија во основните училишта.