Жителите на Минесота во петокот имале можност да присуствуваат на несекојдневен настан, кога Серж Волобјов одлучил тагата од разводот да ја ублажи со фрлање банкноти од 1000 долари во трговски центар. тој признал дека фрлал пари од четвртиот кат на трговскиот центар, додека хорот пеел божиќни песни, како би го раширил убавото расположение. Како што вели, неодамна се развел и ја изгубил работата, па со тој чин сакал на луѓето да им даде малку позитивна енергија, надевајќи се дека истото ќе го добие за возврат.
Опиен со славањето, ја повикал жената во обид да се смират, но таа не се појавила. Наместо тоа добил забрана за велгување во трговскиот во траење од една година. Волобјов на својот фејсбук профил рекол дека ова го направил поради публицитет, а на прашањето зошто сакал внимание, одговорил дека сака да ја поврати својата мачка од поранешната сопруга.