Во петтата рунда од македонскиот ракометен шампионат ракометарите на Охрид се израдуваа на првата победа совладувајќи го Текстилец со 30-21.


Нападот со триесет погодоци беше најзаслужен за првата радост од гостувањата, но, никако не смее да се заборави одбраната која прими само 21 погодок на гостински терен.

Бековското дуо Костантин Вешоски (7) и Борче Соколов (6) искомбинираа 13 погодоци, а на исто ниво беа и крилата Петар Николиќ (8) и Крсте Андоновски (5).

По еднаш мрежата ја затресоа средните бекови Горан Печенковски и Валентино Белевски и пикерите Тодор Анѓелкоски и Даниел Трајчевски.

Сезонава нападот на охридскиот состав функционира беспрекорно, а и одбраната од натпревар од натпревар го крева својот квалитет.

Мх.П.