Доколку мислите дека сирењето од мајчино млеко е лоша идеја, што мислите за кулинарските специјалитети кои се сервираат ширум светот? Како најексентрични примери ќе споменеме само неколку. Италијанските готвачи спремаат гулаш од мачка. Претходно мачката три дена се чува во лонец со вода.
Еден хотел во Англија сервира палачинки од верверици. Во Бостон не се толку груби, но во прашање се доведува нивниот вкус. Таму се јаде хамбургер со путер од кикирики. Еден мексикански ресторан во Филаделфија прави сендвичи со скакулци. Кинезите сервираат пениси од коњи, јарци, свињи и петли. По сето ова ни се чини дека сирењето од мајчино млеко и не е толку лоша идеја.