Билјанини извори се култно место во Охрид. Нема намерник кој не свратил во Охрид, а да не бил таму. Ова прекрасно катче сеуште е едно од најубавите за одмор и релаксација. Некои тука доаѓаат од разонода, други заради изворската вода, а трети поради мирот кој како ретко каде може да се најде кај Билјанините извори.


Билјанини извори место за одмор

Според најавите на локалната самоуправа  комплексот кај Билјанините извори комплетно ќе се преуреди, а ова место ќе добие поубав сјај достоен на репутацијата што ја има.

фото: Васко Бујароски