Една германско семејство го преплашил разјарен бик кој влетал низ задниот влез во куќата, направил пустош во дневната соба, а потоа излегол низ предната врата.

„Животното поминало низ претсобјето, кујната и дневната соба, а потоа излегло од куќата“, рекол портпаролот на полицијата на Ахен, Паул Кемен.


Ниеден член од семејството не бил повреден, но бикот направил материјална штета која е проценета на околу 10.000 евра, навела полицијата.

Бикот излегол кога сопственикот на куќата му ја отворил влезната врата.

Животното било во крдо кое побегнало од сопственикот во околината на Ахен. Бикот подоцна бил застрелан.