Според најавите на фестивалот учество ќе земат дваесетина ансамбли од Србија, Хрватска,Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Костарика и од Македонија. Тие ќе настапат на сцената која ќе биде поставена на плоштадот “Свети Климент Охридски”.
По повод одржувањето на Меѓународниот фолклорен фестивал утре во зградата на Општината ќе се одржи прес конференција, на која ќе бидат соопштени детаљи за фестивалот.