Околиу 1000 фолклористи од 10 европски земји ќе бидат дел од овогодинешното издание на Фестивалот на народни песни и ора “Разиграно оро“, што ќе се одржува во Охрид од 1 до 4 јули.
Организаторот на четвртото издание на овој фестивал е Здружението за поддршка на македонскиот фолклор “Фолклор” од Охрид. Од таму информираат дека својот настап на фестивалот досега го потврдиле 26 ансамбли, кои ќе го претстават богатството на народниот фолклор од земјите од кои доаѓаат.
–Оваа година, покрај останатите учесници, свој настап најавија и фолклорни ансамбли на македонски фолклорни друштва од соседните земји и тоа од КУД “Тоше Проески” од Панчево, Република Србија, Фолклорното друштво Илинден од Тирана, Албанија, неколку ансамбли од Rепублика Бугарија, а во најава е и учество на фолклорен ансамбл од Лерин, Грција, кој го негува македонски фолклор.-информираат организаторите.
Според планираното, настапите на фолклористите ќе се одржуваат во вечерните часови, на отворен сцена, на Градскиот плоштад во Охрид.