Денеска, во Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“, Ракометниот клуб Охрид во дерби средбата од шестата рунда во Супер лигата ќе го пречека составот на Бутел Скопје. Двете екипи имаа високи цели и изобилуваат со квалитет а дербито ќе биде вистински испит за можностите.
„Гладијаторите“, се разиграни и во последните четири натпревари имаа исто толку победи во Супер лигата. Формата на охридските ракометари оди во нагорна линија и очекувани се најавите за победа во дерби средбата со Бутел на домашен терен.
Бутел Скопје, во незгоден момент гостува во Охрид. Еден од помладите тимови во Супер лигата во драматичен финиш отпадна од Купот на ЕХФ и раните ќе треба да ги лечат на еден од најжешките терени во нашата земја. „Црно белите“, го имаат потребното искуство и квалитет во своите редови да се изнесат од оваа состојба и затоа средбата во Охрид ќе биде меч за уживање.
Натпреварот се игра денеска во 19 часот. Правдата на дербито ќе ја делат битолските судии Благојче Тодоровски и Димитар Митревски.
OhridNews