Џуди Загорски се сончала на бродската палуба кога ненадејно од водата скокнала ража и удрила во нејзината глава. Ударот бил толку силен што жената добила фрактура на черепот и починала.
Стручњаците тврдат дека се работи за несреќен случај и дека нема индиции дека тој вид на ража намерно ја нападнал жената која се сончала на бродот. Инцидентот се случил на Флорида Кејс каде несреќната жена била на летување со семејството.
Целиот случај потсетува на бизарната смрт на Стив Ирвин кого исто така го уби ража. Стив беше прободен од ражата во срце за време на снимањето на документарец во Австралија.
Овој вид ража може да достигне до пет метри должина и до 220 килограми тежина. Познато е дека повремено скокаат од вода, но не се агресивни. Главно скокаат кога бегаат од некој грабливец или за да се ослободат од паразити. Вообичаени се во потоплите краишта и често се наоѓаат покрај коралните гребени. Можат да имаат дури и по шест отровни боцки.
Јасминка Т. Момироска