Разговорите меѓу Украина и Русија ќе продолжат денеска, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјава на помошник на украинскиот претседател.

Вториот круг разговори се очекува да го сочинуваат истите претставници присутни на првата рунда разговори во понеделник.

Сега е официјално. Втората рунда преговори меѓу Украина и окупаторот ќе се одржи денеска, изјави за Си-Ен-Ен помошник на Зеленски.

Локацијата на разговорите се уште не е потврдена. Во понеделникот се одржаа разговори во Белорусија, во близина на границата меѓу Белорусија и Полска.

OhridNews