Делегација на Охрид предводена од Зоран Велјаноски –Летра, советник на градоначалникот за култура и мегународна соработка и Сашо Алче, член на бордот на директори на филмскиот фестивал, која во Париз престојува со цел да се договорат деталите околу претстојното фестивалско издание, вчера имаше состанок во диекцијата на УНЕСКО.

На состанокот со заменик генералниот директор на УНЕСКО, Ханс Д’Орвиле, стана збор за напорите на Охрид во зачувувањето на културното-историското  наследство, но и напорите на духовниот центар на Македонија за сегашните стремежи и потфати околу афирмација на културата како цивилизациска придобивка. Господинот Д’Орвиле ја изрази  својата поддршка за сегашните преземања и грижата за зачувување на наследството, информираат од локалната самоуправа.

Охрид е ставен во Регистарот на УНЕСКО во 1980 година како светски заштитено културно-историско наследство.

Ohridnews