Градоначалниците на Охрид и Струга и претставници на МЈП „Проаква“ денеска во Скопје ќе остварат средба со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на која ќе биде разгледана актуелната состојба со колекторот, кој поради преоптовареност не може да ги пречистува отпадните води.

Според одговорните во „Проаква“ Охридското Езеро повеќе од два месеци се загадува со фекални води кои не може да ги прифати колекторскиот систем, а состојбата се оценува како алармантна.
 
Општините имаат забелешки и на односот на државата и ЕЛЕМ  кон одржувањето на колекторот, што сега е на товар на локалните самоуправи, иако Охридското Езеро е национално богатство заштитено со закон, а неговите води се користат за производство на електрична енергија.