Људмила Медан од Србија во улога на Тегхнички делегат ќе биде преставник на Европската триатлон унија (ЕТУ) на Јуниорскиот европски триатлон куп и Националното првенство во триатлон кои ќе се одржат викендов во Охрид. Медан, минатата година како селектор на српската репрезентација беше дел од триатлонот во Охрид, а годинава ќе биде Технички делегат, кој е врска помеѓу организаторите и ЕТУ.

  • Поради гостопримиството, позитивната енергија и подготвеноста за професионална работа на сите чинители мене ми е посебно задоволство што повторно сум дел Триатлонот кој се одржува во Охрид. Наша задача е сите заедно да организираме Триатлон без грешка и да ги почитуваме сите правила од ЕУ. Улогата на официјалното лице е да помога на една средина каква што е Охрид и Триатлонот федерација со бескопрекорна организација да го покажат најдоброто пред натпреварувачите и Европската триатлон унија. Делегатот мора да се избори за фер плеј услови за сите натпреварувачи и да ги провери сите детали околу трката. – изјави Медан на почетокот од разговорот со Ohrid News.

Таа истакна дека секој сегмент е важен во целокупната оценка која на крај ја доделува Техничкиот делегат. Очекувано, најголем акцент се става на безбедноста која е најважна во организирањето на триатлон. Како спорт триатлонот е многу брз и динамичен и бара голема и перфектна организација.

  • Се е важно. Кога сакате да се прикаже квалитетот во Охрид кој нескромно ќе кажам дека постои мора се да функционира беспрекорно. Секогаш и секаде најмногу се оценува безбедноста, бидејќи таа е најважна во целиот настан. Патеката за пливање мора да биде обезбедена и прегледна за судиите и спасувачите во случај на повреда. После се оценуваат патеките за возење велосипед и трчање. Охрид од она што јас успеав да го видам ги има сите предуслови затоа што нема метеж и местата каде што се одредени патеките за пливање, возење велосипед и трчање се на многу добро место. – рече нашата соговорничка.

Природата и луѓето се предноста на Охрид, додека недостатоци се транспорт врските и комерцијализцијата на самиот настан.

  • Охрид како град домаќин на Триатлон од другите места каде што сум била се разликува најмногу поради природата. Таа не е додирната и не може да се донесе или наслика. На многу места сум била каде што се е донесено но е вештачко а во Охрид тоа не случај дефинитивно. Втор важен сегмент се луѓето од организацијата и жителите. Ние балканците сме дружељубиви и со секој кој ќе го запознаеш можеш да размениш искуства да направиш муабет, што не е случај на западот. Натпреварувачите кога ќе дојдат во Охрид не треба да се сеќаваат само на успесите или учеството, туку треба да понесат и нешто што ќе го вечно ќе го паметат. На Триатлонот во Охрид му фали комерцијализација и тоа добра медиумска кампања што ќе трае преку целата година. Исто така врската за транспорт не е добра, бидејќи јас лично дојдов до Скопје со авион а потоа патував до Охрид со автомобил. Натпреварувачите со себе понесуваат опрема и велосипед и најдобро е да слетуваат во Охрид за што помалку транспорт и одбегнување на можноста за оштетување на опремата. – заврши Медан.

Таа очекува возбудлив триатлон викенд во Охрид и ги повика сите да дојдат и да ги бодрат натпреварувачите кои даваат се од себе за што подобар резултат и успех.

Михаил Постоловски