Нашата ќерка не е повеќе жива поради нефункционалниот здравствен систем полн со грешки, недоследности и бирократски процедури вели Благоја Крстаноски, татко на 11 годишната Ева од Долно Коњско, охридско, која почина пред три дена по тешка битка со леукемија, додека чекаше да биде испратена на лекување во странство. Последните денови од животот Ева ги минала на село со татко и, кого постојано го тешела дека се ќе биде во ред.

-Ева јас не можам никогаш да ја вратам. Ова не сакам на ниту едно дете да се слчуи. Ова нека биде последно со Ева. Толку пропусти во лекување, толку пропусти во здравстсво. – рече Благоја Крстаноски.

Крстаноски вели дека не може да си прости што не успеал на Ева да и овозможи да се лекува во странство, бидејќи државата и покрај неговото барање не сакала да ги пренамени веќе одобрените средства во висина од 145000 евра за лекување во Турција за една од двете предложени клиники во Германија. Не помогнало ниту тоа што семејството собрало 200000 евра од донации, а почнало и постапка за ставање под хипотека на семејната куќа. Начинот на кој Ева беше третирана е рамен на убиство, смета Благоја.


Б
лагоја Крстаноски

-Ако не се лечи како што треба, што мислите? Тоа зарем не е убиство? Министерот не можеше да ме удостои со една средба. Ми се јави секретарката негова. Ми рече тука беше финансискиот директор Миле Сугарев, со министерот разговараа и рекоа платете ги средствата после ќе ви ги рефундираме. Зошто да ги платам, јас ако ги имав тие средства зарем ќе ги молев нив? Ќе бев заминат за Германија. Кој ќе собере 170000 евра тука – 200000 евра? Државата не сакаше, ако сакаше можеше тоа да го направи. – вели таткото на Ева.

Фондот за здравствено осигурување објаснува дека одлуката за лекување во странство на Ева ја донела лекарската комисија врз основа на конзилијарно мислење и законски критериуми. Побарани биле понуди од 22 странски болници, но од болниците од Гисен и Дизелдорф на кои инсистирало семејството Крстаноски не добиле. Toa не е точно, вели Крстаноски.

-Оваа понуда ја доставив, овој e-mail што го гледате од Гисен. Им реков ако ова не е валидна понуда, еве ви валидна понуда од Дизелдорф. Таа чинеше 420000 евра. Од ФЗОМ само ме погледнаа и не рекоа ништо. – раскажува Крстаноски.

Одговорните не треба да се затскриваат зад соопштенија туку најитно да се зафатат со подобрување на условите во македонското здравство кои се катастрофални, додава Крстаноски. Сами купувавме лекови, бидејќи ги немаше на Детската клиника. Немаше ниту реагенси за неопходните анализи, а за другите услови и пропусти како лекување на непостоечка габична инфекција и персонал кој не може да најде вена, и да не зборуваме вели Крстаноски. Тој упати голема благодарност до сите хумани граѓани за помошта и искажаните зборови на утеха.

Гoран Момироски