Во Музеј куќата на Роберевци, до неоодамна беше отворена изложбата на дела и инсталации „Мапирање на душата“, од ликовниот уметник од Белград, инаку родена охриѓанка, Марина Коцарева Ранисављев. Оваа извонредна уметничка создава ликовни дела, дизајнира парчиња облека, креира видео инсталации, а воедно е и редовен професор на Универзитетот во Белград. Инспирацијата за своите дела таа ја црпи од својот Охрид, но и од актуелните случувања, како што е здравствената криза на која и посвети неколку дела.

Идејата за „Мапирање на душата“ дојде спонтано. Она што го обележува моето творештво е еден континуитет, јас сум од Охрид, живеам во Белград, и таа врска е тука цел живот. Така што мојата инспирација е врзана за овие места, вели Марина Коцарева Ранисављев.

Во разговор за OhridNews таа зборува за уметноста и творештвото, за Охрид и вредностите на градот и како треба да ги чуваме, за влијанието на коронавирусот, а како професор се осврнува и на генерациите што доаѓаат, за кои, како што вели, имаат капацитет да ги променат состојбите кај нас.

Разговор со Марина Коцарева Ранисављев

Г.М.