Еден ден по големиот подвиг, со 12-годишниот Марко Пејчиноски кој вчера за помалку од девет часа го преплива немирното Охридско Езеро се сретнавме на градскиот базен на СРЦ „Билјанини извори“. Не пречека со широка насмевка и огромна позитивна енергија која од вчера се шири со светлосна брзина низ Охрид и земјата. Марко е омилен лик и главна тема за муабет на твитерџиите и фејсбук зависниците, чаршијата… Ја засени дури и политиката во ова наше многу исполитизирано општество. Неговиот успех одушевува и инспирира.

Во продолжение погледнете што кажа чудото од дете Марко Пејчиноски во разговор за OhridNews.

Г.М./А.М./Мх.П.