Рекордниот број листи се најава за шареноликост во Советот, а тоа е добро за демократијата, вели во разговор за OhridNews Димитар Велјаноски, носител на листата на „Охрид пред се“, една по трите независни од вкупно единаесет колку што ќе ги има на гласачкото ливче на претстојните Локални избори во Охрид.
Рекордниот број листи според Велјаноски се должи на потребата од нова понуда на политичката сцена, и на потребата од промени во општеството. Очекува претстојната кампања да биде позитивна, во која учесниците ќе се борат со квалитетни идеи кои ќе бидат во интерес на граѓаните, а не на центрите на моќ, кои според него, го гушат функционирањето на советот.
Г.М.