Охридскиот клуб со четири натпреварувачи (Благоја Трајчевски, Дејан Чолески, Виктор Алексоски и Илија Спасески), како дел од македонската селекција, настапи на ултра квалитетниот турнир во Швајцарија во бразилско џиу џицу. Чолески се закити со сребрен медал, а Трајчевски со бронзен во виолетови појаси, но во различни категории,  додека, Алексоски и Спасески завршија без медал. Освојувањето на медалите на охридските натпреварувачи и помогнаа на Македонија да стигне до третото место во генералниот пласман од 39 држави.

Турнирот во Швајцарија не беше обичен, туку еден од најголемите и најквалитетните во централна Европа. Го организираше Швајцарската џиу џицу федерација, а е под капата џиу џицу федерацијата од Абу Даби, која организира вакви турнири по целиот свет. Успехот е задоволителен и најдобар во историјата на охридскиот клуб. Во текот на тешките и напорните борби покажавме добра техника и физичка подготвеност. Успеавме да се избориме за медал и покрај квалитетот и конкуренцијата која преовладуваше на турнирот. Покажавме дека воопшто не заостануваме зад останатите земји и клубови. Учеството на турнирот во Швајцарија ни беше втор од ваков вид. Прв пат дел од елитата бевме во Рим во ноември месец минатата година. Искуството од учеството на двата турнири е големо. Во овој спорт е интересно што има различни тип на натпреварувачи и од секој противник и учесник можеш да научиш. Бразилското џиу џицу се базира на индивидуата и нема конкретен начин на борење, туку секој борец во секоја борба може да вметне нешто ново и да го изенанди противнкот. Акумулираното искуство од овој турнир јас и Дејан кои сме тренери несебично ќе го пренесеме на останатите членови во клубот. – изјави Трајчевски.

Охридската екипа на турнирот во Швајцарија.

Бразилското џиу џицу како спорт во Охрид постои од 2013 година, кога е основан клубот „ROOTS BJJ-Ohrid“. Бразилското џиу џицу зема се поголем замав кај нас и во светот, а спорт број еден од боречките вештини е каратето

Конкретно во Охрид најмногу се тренира карате, а едно време имаше голема заинтересираност за боксот. Во последно време благодарание на дигиталниот свет бразилското џиу џицу зема залет. Луѓето кои сакаат да се едуцираат, а не се сретнале со бразилското џиу џицу како вештина можа да најдат информации на интернет. Во минатото беше многу тешко да објасниш за каков спорт се работи, но сега се` е полесно и веднаш се стигнува до информација. – истакна Трајчевски.

Тој ја откри историјата, односно како од мешавина од џудо и бразилски борби без правила, на улица настанало бразилското циу џицу.

Бразилското циу џицу е боречка вештина која се базира на контролирање на противникот без удари и во краен случај да го натераш противникот без повреда да се откаже од понатамошна борба. Има два моменти на борба кога борците се станати и кога се легнати. Конкретен „дериват“ на бразилското џиу џицу е џудото. На почетокот од 20 век јапонски џудо мајстори одат во Бразил и таму почнуваат да изучуваат две фамилии. Борбата без правила на земја во Бразил бил вистински спектакл, а јапонците го искористиле тој сегмен да внесат борба и станати и со стриктни правила односно избегнување на директни удари. До победата доаѓал оној натпреварувач кој ќе го неутрализирал противникот. – објаснува нашиот соговорник.

Трајчевски и Дејан Чолески кои се тренери во клубот со учество на натпревари на локално и национално ниво и низ семинари се надоградуваат во полетото на бразилско џиу џицу. Сепак, интересен момент е посетата во текот на целата година на гости во Охрид кои разбрале дека има клуб во нашиот град

Дејан е врвен карате мајстор, а јас бев негов ученик. Тој има тренирано џудо, јас некои други боречки вештини додека студирв во Скопје. Ние најмногу се едуцираме преку семинари и учество на локални и нациоланиот натпревари. Два пати годишно претседателот на Македонската федерација Роберт Наумоски кој живее во Австралија одржува семинари на кои ги тестираме нашите знаење и квалитети. Ќе звучи чудно, но многу учиме од нашите посетители/гости во текот на целата година. Охрид е атрактивно место за туристите, а речиси секоја година ни доаѓаат одреден број на луѓе со кои разменува искуства. Пред некој година на гости ни дојде Бразилецот Рафаел дон Сантос кој е светски првак и амбасадор на џиу џицуто како спорт. Секој совет и од почетник и од искусен мајстор е добро дојден, бидејќи боречките вештини не познаваат ниту појаси ниту големина кога си ви „рингот“. – потенцираше Трајчевски.

Трајчевски упати голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт, Агенцијата за обезбедување „Питон“ и текстилната фирма „Виеми“ кои им помогнаа на охриѓани да учествуваат на турнирот во Швајцарија и да ги покажат своите квалитети.

Михаил Постоловски

Голем успех: Две одличја за охриѓани на турнир во Швајцарија