Решавањето на црковниот спор меѓу Македонската православна црква и Српската православна црква беше прашање кое ги оптоваруваше односите меѓу Србите и Македонците. Тоа прашање сега е решено и ми се гледа дека постои искрено и заедничко задоволство и кај Србите и кај Македонците за тоа што се случи вели во разговорот за OhridNews, историчарот Александар Раковиќ, доктор на науки и соработник на Институтот за нова историја на Сбрија во Белград.

Има тука и таму некои гласови дека се било пребрзо, но подобро што беше така па се реши на ваков добар начин спорот, отколку да траеше долго и воопшто да не се решеше. Ова е историски момент на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква од страна на Српската црква кое сосема очекувано го следеше и Руската православна црква, вели Раковиќ.

Додава дека македонската нација има темел во историјата, не е измислена како што тврдат некои, туку е создадена самосвесно во 19 век.

Значи тие обвинувања дека Македонија е коминтерновски производ, такви обвинувања има и во Србија да се разбереме, и дека македонската нација е коминтерновска, немаат темел во историјата. Навраќајќи се во 19 век, кога српските научници, српските политичари кои престојувале во Македонија, патувале низ земјата која тогаш била дел од Отоманското царство, забележале дека постои во македонскиот народ кој тогаш уште немал заеднички национален индентитет, една струја, особено во централната Македонија која не сака да припаѓа ни на српскиот, ниту на бугарскиот, ниту на грчкиот, ниту на турскиот народ, никому, туку да бидат самостојни – Македонци. Тоа е тој модел кој постанал доминантен на просторот на цела Македонија. Кај нашите политичари созреала свеста во седумдесеттите години на 19 век дека српството и македонството или македонизмот како што тоа го нарекувале тогаш во тоа време, можат заедно рака под рака и дека е најдобро за да се отгрнат од бугарската егзархија било токму преку афирмација на македонскиот идентитет. Значи не да им се наметне на Македонците модел дека тие се Срби, туку точно да се афирмира нивниот самостоен идентитет. Додека бугаризмот и македонизмот се косат сами по себе, се исклучуваат еден од друг, вели Раковиќ.

Комунистичка Југославија, додава, продолжила со афирмација на самостојниот македонски идентитет.

Значи има тоа своја генеза. Коминтерната не мислела така, а да не ги имала предвид претходните знаења за создавање на македонската нација пред, односно создавање на македонската нација многу порано, оттколку што многу луѓе мислат дека е создадена. Тоа е во 19 век, значи бил формиран нуклеус кој јасно водел кон тоа дека Македонците се формираат како посебен идентитет меѓу останатите идентитети, потенцира Раковиќ.

Во емисијата стана збор и за актуелните состојби на Балканот, проблемите кои го оптоваруваат, предизвиците и иницијативите за интеграција како што е Отворен Балкан.

Разговор со д-р Александар Раковиќ

OhridNews