За ВМРО ДПМНЕ Договорот од Преспа е неприфатлив, штетен и неуставен со силни негативни влијанија врз земјата, вели во разговор за OhridNews потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски. Тој истакна дека Преспанскиот договор после неуспешниот референдум е мртво слово на хартија, а ВМРО ДПМНЕ ќе ги искористи сите инструменти да се дојде до подобар договор. Според него тоа е возможно со силна дипломатија, што не било случај при постигнувањето на Договорот од Преспа. Според Николоски премиерот Заев бега од парламентарни избори, затоа што се плаши од судот на народот.

OhridNews