Фотографиите на разголената Мерлин Монро за кои се верува дека биле снимени на нејзината последна формална фото сесија само шест седмици пред нејзината смрт, не нашле купувач на аукцијата во Њујорк. Колекцијата „Мерлин Монро – последното снимање“ била проценета помеѓу 18 и 25 илјади долари на аукција на куќата „Бонамс“.
Збирката фотографии, меѓутоа, не ја достигнала однапред резервираната цена, и не била продадена. Фотографиите ги снимил Берт Штерн за време на маратонското снимање за списанието „Вог“ и на нив холивудската дива била фотографирана гола, како држи чаша со шампањ и лежи на кревет. На една од фотографиите Мерлин Монро е во топлес свртена кон камерата со подигнати раце.