Руските студентки од најугледниот универзитет во земјата направиле еротски календар во кој ја изразиле својата љубов кон премиерот Путин, кој утре полни 58 години. Сите девојки студирале новинарство на Московскиот државен универзитет. Порпаролот на универзитетот го осудил овој потег како невкусен еротски чин кој го валка угледот на универзитетот.
Еден од креаторите на календарот, Максим Перлин, изјавил дека девојките позирале бесплатно и нагласил дека календарот носи силна порака. Календарот се продава по пат на интернет и во еден супермаркет во Москва, по цена од околу десет американски долари.