Памела Андерсон се фотографираше само по чевли со висока потпетица за списанието “Paper”. Познатата чуварка од плажата оваа година ќе наполни 49 години, но сеуште изгледа и тоа како заводливо. Црната перика која ја носеше за потребите на снимањето направи познатата русокоса едвај да ја препознаат и нејзините најверни обожаватели.

 

Памела и во овој случај гордо го покажува своето тело и деколте, кои ја направија неостварен сон на милиони мажи ширум светот. Таа за списанието “Paper” откри и дека е вљубена. Изјави дека е многу олеснително што сеуште може да биде своја, како и дека многу и значи поддршката од децата, кои ја сакаат и почитуваат. Додава и дека има маж во животот кој ја сваќа како никој пред него.