Еден босански војник кој се борел во унгарија во 1915 година на своето семејство му испратил црнобела фотографија во писмо кое во меѓувреме залутало. Дури по 95 години писмото го купил Нихад Ериќ Џиновиќ на еден саем за антиквитети во Калифорнија. Тој често го посетувал своето родно Сараево и носел некои од разгледниците од неговата колекција за да ги покаже на пријателите.


Оваа седмо9ца случајно наишол на Надир Бичакчиќ, а бидејќи презимето му било познато одлучил да му ја покаже фотографијата. Разгледницата била адресирана на Асим Бичакчиќ, а била испратена од Унгарија. на фотографијата имало неколку војници, меѓу кои и дедото на Надир.