Разгледани можностите за соработка на Локалната со ЈУ „Национален парк Галичица“ при денешната посета на градоначалникот Кирил Пецаков и оставрената средба со вработените.

Јавната установа Национален парк Галичица важен дел од функционирањето на Охрид. Дискутирани беа можностите за подготвување на заеднички апликации во ЕУ фондовите и соработка во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и заштитата на Националниот парк, информираат од Oпштина Охрид.

Градоначалникот изрази подготвеност за целосно вклучување во сите процеси кои се однесуваат на градот.

На средбата, како што се наведува во соопштението од Општина Охрид, Пецаков бил информиран од вработените за начинот на функционирање на институцијата, како и за тековните активности.

OhridNews