Проектот за изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица во селото Трпејца и можноста за негова реализација со владина помош била една од темите за која разговарале Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, во рамки на денешната средба.
На средбата било потенцирано дека реконструкцијата и доградбата на колекторскиот систем треба да биде врвен приоритет со оглед на тоа што сегашниот колекторски систем е преоптоварен и во одредени периоди од годината не работи со полн капацитет.
Министерот Изаири покажал и особен интерес за состојбата на канализационата мрежа во Охрид, при што била истакната неопходноста од раздвојување на атмосферската од фекалната канализација.
Исто така на средбата биле разменети мислења за постоечката законска регулатива во делот на легализација на градби крај езерото како и за постапките за донесување на урбанистички планови.
OhridNews