Раздружувањето на МЈП „Проаква“ продолжува и тој процес не  е стопиран, ниту одложен објаснуваат од јавното претпријатие, по изнесените заклучоци од неодамнешниот  состанок на Надзорниот одбор на кој дојде до одмрзнување на швајцарската донација за репарација на 6 пумпни станици од колекторот.

Услов за одмрзнување на донацијата од 900.000 швајцарски франци не било запирањето на процесот на раздружување, започнат неодамна, туку обезбедување гаранција дека средствата што ги донира Владата на Швајцарија нема да бидат искористени за други цели, освен за тоа што се наменети.

За тоа како се одвива процесот на раздружување, денеска ќе информира генералниот директор на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчески, кој ќе соопшти детали до каде е постапката за поделба на јавното претпријатие кое пред десетина години заеднички го формираа Советите на општините Охрид и Струга.

Г. Момироски