Разбојници украле ташна со 2 милиони денари и девизи!
15.07.10 14:28
Синоќа околу 23,00 часот во Струга, пред домот на М.М.(1955), две непознати лица извршиле разбојништво над неговата сопруга Д.М.(1958). Разбојништвото е извршено на тој начин што додека Д.М. излегла од ПМВ кое го управувал нејзиниот сопруг ја пречекале НН лицата, при што едното насилно почнало да и ја влече торбата која што ја имала на десната рака, од што Д.М. паднала на улицата, а лицето успеало од раката да и ја оттргне чантата во која имало: 2.000.000,00 денари, 12 000 долари, помеѓу 6-7 илјади евра, 3 500 швајцарски франци, 10 000 дански круни, 6 000 шведски круни, 40 000 албански лекови и 20 англиски фунти. Додека лицето и ја влечело чантата, нејзиниот сопруг бил во неговото ПМВ. По извршувањето на делото лицата се дале во бегство во непознат правец со ПМВ марка „Југо“ црвена боја и со затемнети стакла. ПС-Струга превзема мерки за пронаоѓање на лицата.
Истиот ден во 17,30 часот во с.Мислешево-Струга, три нрпознати лица извршиле разбојништво над А.С.(1950) од с.Франгово-Струга, при што му одзеле 1 000 евра и мобилен телефон марка „Самсунг“. Разбојништвото било извршено на тој начин што А.С. вршел такси услуга на едно женско лице до с.Мислешево и кога стигнал пред селото, истата побарала да застане до отпад за старо железо и да си ја земе торбата која претходно кога се качила во возилото ја ставила во гепекот. Кога А.С. излегол да и отвори, од позади грб му пришле НН лицата, кои физички го нападнале, удирајќи го во пределот на главата и телото. Потоа насилно му ги одзеле горенаведените предмети и му се заканиле дека наредниот ден треба да им донесе уште 2 000 евра.
По извршеното разбојништво трите непознатите лица лица заминале во непознат правец. ПС-Струга превзема мерки за пронаоѓање на лицата.
Во петок ќе се одбележат 150 години од раѓaњето на Кирил Прличев со културна програма во организација на Општина Охрид и НУ Завод и Музеј Охрид Делото на Кирил Прличев остави вечна трага во светот ...
Левица – Охрид поднесе Иницијатива за организирање летни школи за изучување на традиционални охридски занаети Сметам дека во изминативе три децении многу традиционални охридски занаети се изу...
Во насока на заштита на државниот капитал и државните интереси, Министерството за транспорт направи измени на Законот за градење со кои измени се овозможуваат остварување на правата на градење кон ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.