Вчера околу два часот на патот Дебар – Струга кај м.в„Манастирец” поточно кај трите чешми, од страна на четири непознати лица извршено е разбојништво над З.Д.(1974) од Дебар, при што му се одземени (2.800,00) денари и рачен часовник марка „Своч”.

 З.Д. на наведеното место застанал со своето ПМВ„Фиат Типо” со охридски таблички со намера да се напие вода од чешмата, при што лицата нечујно му се приближиле. Притоа едно од нив со едната рака го фатило за левото рамо, а со другата рака го фатило за лицето и го истуркало да влезе во колата, по што влегле и две лица, ја запалиле колата и се упатиле во правец кон Струга, а пред нив се движело ПМВ„Опел Кадет”, светло сина боја. Додека се возеле лицата со тврд метален предмет го удриле во грбот и на албански јазик му се заканувале дека ако не им ги даде парите, ќе го убијат него и неговата фамилија, при тоа цело време му ја држеле главата наведната на предното совозачко седиште. После некое време застанале на паркинг пред с.Глобочица, му ги одзеле наведените предмети, од мобилниот телефон му ја извадиле сим-картичката која ја фрлиле, а телефонот го фрлиле внатре во колата, му наредиле да ја отвори хаубата од колата, излегле надвор чепкале во моторот и го онеспособиле возилото да се движи, по што влегле во ПМВ„Опел Кадет” и го напуштиле лице местото.

Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на разбојниците.

Ohridnews