Непознати разбојници пред три дена нападнале и ограбиле такси возило на патот Кичево – Охрид.

Инцидентот во полицијата го пријавил охриѓанецот А.А.Тој работел како музичар во кафеана во Кичево, од каде со такси тргнал кон Охрид. Кај местото Извор, патот им го попречило возило од кое излегле четири маскирани лица. Тие насилно го извлекле надвор возачот на таксито и почнале да го тепаат, а на патникот под присила му одзеле 7.000 денари и златен накит.

Ohridnews