Разбојници во Сомалија предизвикале хаос во џамија кога фрлиле мачка во толпата, предизвикувајќи стампедо во кого ги ограбувале верниците.


Пред џамијата Али Матан во Харгеис во Сомалија, бил поставен голем екран за да можат верниците да го гледаат говорот на шеикот Мустафа Хаџи Исмаел Хасан, еден од највисоките свештеници во Африка.

Меѓутоа поради краток спој тоа подрачје останало без напојување со електрична енергија. Криминалците меѓу собраните верници фрлиле мачка која предизвикала хаос а многумина останале без новчаници и мобилни телефони.