Како што информираа од СВР Охрид, во 04 часот и 30 минути, две маскирани лица, влегле во клубот лоциран на улицата „Борис Кидрич“. Едниот од нив вооружен со огнено оружје – пиштол, ги приморал тројцата вработени да легнат на подот а другиот од сефот одзел околу 340 000 денари. Во моментот на извршување на разбојништвото, во казино – клубот „Астра“ освен вработените, немало други гости.
На лице место направен е криминалистичко-технички увид. СВР Охрид и Полициската станица Струга, преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите на ова кривично дело.